ОПАСНОСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Форд повлече 39.000 возила поради пожар во моторот

Американскиот производител на автомобили „Форд мотор“ соопшти дека повлекува 39.000 теренски возила, по пријавата за 16 случаи на пожар на моторот.

Одлуката се однесува на одредени возила од моделите „Форд експедиција“ и „Линколн навигатор“ од минатата година, а компанијата ги повика сопствениците да ги паркираат возилата надвор и подалеку од објектите додека не се изврши поправката.

Компанијата соопшти дека може да дојде до пожар во моторниот простор за време на возењето, но дури и кога моторот е исклучен.

„Форд“ досега има пријавено еден случај на повреда поради дефект, кој се уште се решава.

Можеби ќе ве интересира...

Откриена грешка при склопување на возилото: Honda повлекува неколку стотици илјади модели Accord и HR-V

BiznisPRO

Како до 60 милијарди евра?

BiznisPRO

Русија се соочува со недостиг на банани поради спор со една земја

BiznisPRO