• октомври 31, 2022
  • 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Бранко Азески со порака до европските лидери

Бранко Азески со порака до европските лидери

Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Конечно оваа недела Самитот на лидерите на ЕУ со Западен Балкан, таканаречен Берлински процес, се враќа во Берлин (3.11.2022 година). Изгубивме седум години вртејќи по европските метрополи, како да не знаеме дека одлуките се носат во Берлин. Затоа, минатата година на 1.11.2021 година, под наслов „ЕУ И НИЕ – БУГАРИЈА И ТИЕ“, јасно истакнавме барање да се врати Берлинскиот процес во Берлин, затоа што, како што беше тргнал, ќе завршеше во Ла Валета (Малта). А враќањето во Берлин веднаш донесе конкретни резултати.

Во најавата на Самитот е потпишување неколку спогодби, кои само продолжуваат да ја потврдуваат потребата од регионална поврзаност. Ќе се одобри патување со лични карти низ сиот регион на Западен Балкан; во рамките на регионот ќе се признаат професионалните квалификации на докторите по медицина и по стоматологија и на архитектите, во формат кој ќе ги отстрани пречките на националното законодавство, а ќе се поедностави и процесот на нострификација на дипломите за високо образование во сите 6 земји на ЗБ. Во најава е и укинување на визниот режим меѓу Косово и Босна и Херцеговина.

Европските лидери мора да разберат дека на балканскиот бизнис му е преку глава да биде понижуван, условуван и одложуван. Доста ни е од редицата камиони и од границите на секој чекор (јасните перспективи до 2030, 2040, 2050, 2060). Она што ние како бизнис треба да го направиме е највнимателно да ги прочитаме пораките и да ги прифатиме реалните забелешки, забрзувајќи ги процесите на економски развој, затоа што очигледно е дека сами не можеме да се справиме со овие предизвици и тој дел од патот мора да го поминеме под менторство на Европската комисија.

Насоките на ЕУ се создавање регионален пазар на Западен Балкан, кој ИНТЕГРИРАНО треба да се поврзе со Европската Унија преку Европската економска заедница – ЕЕЗ. Ние, како држава, ги имаме исполнето минималните копенхашки критериуми, кои се основа за каков било почеток на преговорите со ЕУ, и упорно работиме на нивно започнување.

На 28.7.2021 година во интервју за МИА јасно кажав: „БАЛКАНОТ ДА СЕ ОТВОРИ, ИСТОРИЈАТА ДА СЕ ЗАТВОРИ, БИЗНИСОТ ДА СЕ ОБЕДИНИ“, со што укажуваме дека ни е доста од затвореност, корупција, сива економија и од евтина работна сила. Не сакаме повеќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми. Бараме да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во примената, без оглед на отпорот на конзервативните сили. Неопходно е регионот што побргу да се апстрахира од деструктивниот процес на балканизација. Европските лидери кон овој процес треба да пристапат најодговорно и професионално, зашто трпението и наклонетоста на бизнисот кон европските вредности може да се доведе во прашање.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…