Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион.

„Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи министерот.

Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

Можеби ќе ве интересира...

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

BiznisPRO

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесуваат 5.2 милијарди денари

BiznisPRO

Во 2025 година, во однос на 2024 година, е забележано поголемо производство на кравјо и овчо млеко, додека производство на козјо млеко бележи намалување

BiznisPRO