Откажани онлајн состаноци, не работеа редакции – Македонски телеком ќе им даде подарок на оние што останале без телефонија и интернет

Утринскиот дефект кој предизвика прекин на комуникацијата на граѓаните и компаниите приклучени на операторот Македонски Телеком беше вистински предизвик и за нашата редакција.

Со оглед дека сме корисници на повеќе од пет кориснички пакети на Македонски Телеком чии услуги ги користат сите наши вработени, но и канцелариите на порталот Centar.mk и сите медиуми под нашата групација речиси цела една деценија утринава се соочивме со неодржување на важни онлајн состаноци, но и за прв пат прекин на работата на порталите во утринските часови, поради што се извинуваме на нашите читатели.

Нашата компанија со оглед дека договорите истекуваат за брзо, веќе од денес ќе започне да разгледува алтернатива во користењето на телекомуникациски услуги и бекап план за слични ситуации.

Се огласи Телеком: Изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај

Инаку Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај.

Штетата  била направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници.

Можеби ќе ве интересира...

Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија

Бизнис про

VIVO телефоните официјално и во Македонија

Бизнис про

А1 ја објави својата новогодишна понуда

Бизнис про