СЕ ТОКМИ НОВ РИГОРОЗЕН ЗАКОН: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

Власта подготвува нова рестриктивна мерка за граѓаните, овој пат како што велат за да се заштити здравјето на пушачите, објави Centar.mk.

Според предлог Законот кој е досега најригорозен во македонската историја, забрането ќе биде пушење на цигари во затворени простории на угостителски објекти, но и на тераси, ако не бидат целосно отворени од три страни.

Забрането ќе биде пушење и во автомобил. Нема да смее да се пуши на железнички и автобуски станици, пазари и други јавни површини.

Најголемата новина е и тоа што на исто ниво како обичните цигари ќе бидат законски ставени и електронските цигари. Забранети во целост ќе бидат ароматизираните цигари.

Се забранува и поставување на видливо место на кутиите цигари по рафтовите на продавниците.

Новиот закон се очекува деновиве да се најде како предлог, а потоа да биде и изгласан во Собрание.

Можеби ќе ве интересира...

Лоша вест: Повторно поскапуваат горивата

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO

УЈП објави листа на должници со имиња на луѓе и фирми – Еве кој колку должи за данок

BiznisPRO