Повторно лоши вести од Регулаторна – Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965% и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0496%

Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Можеби ќе ве интересира...

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

BiznisPRO

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата

BiznisPRO

Курсна листа за 10-ти февруари 2025

BiznisPRO