• ноември 14, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

30-годишниот јубилеј на монетарната самостојност одбележан и со публикацијата: „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“

30-годишниот јубилеј на монетарната самостојност одбележан и со публикацијата: „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“

Во рамките на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од воведувањето на нашата национална валута – денарот и воспоставувањето на институционалната рамка на монетарниот систем, односно функционирањето на нашата самостојна централна банка, Народната банка ја објави публикацијата „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“.

Публикацијата дава осврт на работењето и постигнувањата во триесетте години постоење на централната банка, години на истрајност и стручност со кои централната банка успешно им одговори на голем број предизвици. Народната банка ги пресретна многуте премрежиња во македонската монетарна историја како професионални предизвици, едновремено обезбедувајќи развој во сите сфери од нејзиното делување, преку усвојување нови повисоки стандарди и реформи во секоја област од работењето. Со тоа, успешно ги постави основите на современото централно банкарство, придонесе кон реформирањето на нашето општество и кон градење подобра иднина за сите нас. Одејќи по патот на стручноста во изминатите три децении, Народната банка успешно ги остваруваше целите доделени со законот, обезбедувајќи ценовна стабилност, како и стабилен банкарски систем.

Во изминатите 30 години, покрај класичните функции поврзани со монетарната политика и режимот на девизниот курс, управувањето со девизните резерви, како и трезорското работење, Народната банка имаше активна улога во развојот на финансиските пазари, развојот на банкарската регулатива и банкарската супервизија, поради што го добивме значајното признание од Европската Унија, којашто нѐ стави на листата со само уште 29 држави во светот чијашто банкарска регулатива и супервизија ги исполнува европските стандарди.

Централната банка вложува труд и во одржувањето на финансиската стабилност, унапредувањето и примената на економското моделирање и проектирање, развојот на внатрешната ревизија, развојот на платните системи и платежната инфраструктура, усвојувањето на европските стандарди во сите сфери на работењето, управувањето со ризиците и управувањето со човечките ресурси, како и во постојаното унапредување на статистиката. Потврда за постојаните напори за унапредувањето на статистиката и постигнатиот квалитет на статистичките податоци е членството на националниот статистички систем во стандардот СДДС плус за дисeминација на статистичките податоци на ММФ, во кој тековно учествуваат само 27 земји во светот.

Централната банка им посветува особено внимание и на развојот на макропрудентната политика, комуникацијата со јавноста, одржувањето стабилен информатички систем и неговата постојана надградба, дигиталната трансформација заради поедноставување на внатрешните процеси и зголемувањето на ефикасноста и продуктивноста, финансиската едукација и инклузија, создавањето „зелена“ и одржлива економија, како и на развојот на финтек-секторот.

Низ годините, Народната банка институционално растеше, издигнувајќи го професионалниот капацитет и доближувајќи се до централните банки на развиените земји. Постигнатите резултати на централната банка се потврдени и од меѓународните финансиски институции.

Централната банка во изминатите три децении прерасна во еден од столбовите на стабилност на целиот економски систем, остварувајќи ги своите цели и давајќи ѝ поддршка на економијата преку соодветни политики и мерки. Годините наназад се сведоштва за одржувањето на стабилноста на денарот, за обезбедувањето комфорна ниво на девизните резерви, како и за воспоставувањето здрав банкарски систем поставен на пазарни основи.

Сите постигнувања се должат на голем труд и заложби, стручни анализи и осмислени активности, стручен човечки капитал и квалитетно донесени одлуки.

Подетално за работењето на Народната банка во изминатите 30 години може да прочитате во публикацијата „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“ на следнава врска: https://www.nbrm.mk/content/30_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%BE%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0.pdf.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…