Швајцарската инфлација падна на 1,2 отсто во февруари, најниска од октомври 2021 година.

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,3 отсто во јануари на 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година, објави денеска на својата веб-страница Швајцарското федерално биро за статистика BFS.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во февруари се зголемени за 0,8 отсто на годишно ниво, што е забавено во однос на јануарските 2,3 отсто.

Ресторанските и хотелските услуги поскапеле за 2,1 отсто на годишно ниво, рекреацијата и културата за 1,7 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 0,6 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените е побавен во однос на јануари.

За разлика од нив, цените на становите и енергијата пораснаа за 3,1 отсто, што претставува забрзување во однос на јануарските 2,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,2 отсто во јануари на 1,1 отсто.

На месечно ниво, инфлацијата во Швајцарија се зголеми за 0,6 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Популарната онлајн продавница повеќе не ги прифаќа овие картички

BiznisPRO

Огромен отпор меѓу вработените: Германскиот финансиски гигант воведе хибридна работна политика, а сега бара РАБОТНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

BiznisPRO

Британската фунта паѓа?

BiznisPRO