Apple „изгуби“ половина милијарда долари на суд

Британскиот округ Норфолк извојува „вредна“ правна победа од 490 милиони долари против американскиот технолошки гигант Apple, врз основа на жалбата дека компанијата ги заведе акционерите во 2019 година со тоа што не им кажала за падот на побарувачката за iPhone-и во Кина.
Apple се согласи да ја плати споменатата сума како дел од спогодбата со Советот на округот Норфолк, пренесува британски Телеграф.

Фирмата со седиште во Купертино, Калифорнија продолжува да негира дека ги прекршила правилата на американската берза или ги заведе инвеститорите, но призна дека понатамошните судски спорови ќе бидат скапи, одземаат многу време и непотребно оптоварени за компанијата, се вели во судските поднесоци.

Парите ќе бидат поделени меѓу инвеститорите кои ќе поднесат барање за отштета и ќе докажат дека Apple им наштетил со тоа што не споделувал податоци за падот на продажбата во Кина.

Со спогодбата заврши тужбата поднесена од американскиот град Розевил пред пет години против Apple, извршниот директор на компанијата Тим Кук и нејзиниот главен финансиски директор Лука Маестри.

Во 2020 година, Советот на округот Норфолк ја презеде оваа акција како главен обвинител.

Можеби ќе ве интересира...

Големите германски компании планираат да отпуштат повеќе од 10.000 работници: Еве која е причината

BiznisPRO

Отворена фабрика за литиум во Германија – прва од ваков вид во Европа

BiznisPRO

Ќе пораснат приходите: Во буџетот дополнителни 170 милиони евра за повисоки плати и пензии за 2024 година

BiznisPRO