Бундесбанк: На кризата во Германија не и се гледа крај

Не му се гледа крај на ЗАБАВУВАЊЕТО на активностите во германската економија, но нема да западне во длабока рецесија, соопшти централната банка во последниот месечен извештај. „Германската економија се уште е во тешка ситуација“, заклучува Бундесбанк.

Зголемената економска несигурност ги кочи инвестициите, градежниот сектор е зафатен од повисоки финансиски трошоци, а личната потрошувачка не е зголемена и покрај повисоките плати, сметаат експертите. Имаше знаци и на влошување на условите на пазарот на трудот, иако бројот на вработени во Германија се уште е голем, предупредуваат тие.

Економската активност треба да стагнира во третиот квартал и би можела повторно да се намали, но во моментов не се очекува рецесија, ако ја дефинираме како значителен пад на активноста во поголем број сектори и во подолг временски период, додаваат оттаму. .

Можеби ќе ве интересира...

Една од најголемите компании со ниски цени во САД на работ на банкрот: Spirit Airlines се затвора

BiznisPRO

Чудесен подвиг: Во Кина изградена 10-катна зграда за помалку од 29 часа

BiznisPRO

ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи

BiznisPRO