Се повлекуваат од продажба кексички со прелив и колачи – АХВ со важно соопштение

Соопштение на АХВ:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:

– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025.

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија.

АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 12 јули 2024 – Колку ќе чинат девизите денеска?

BiznisPRO

ПРЕД КОМПАНИИТЕ ПРОМОВИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА: Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании

BiznisPRO

Девизните резерви зголемени за 41,9 милиони евра

BiznisPRO