Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

„Денеска имавме втора средба во рок во овие 10 дена, каде што разговаравме за пласманот на јаболкото од реколта 2024 година. Заедно со откупувачите се договорија минималните цени кои што ќе бидат за стартот на откупот на јаболкото од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по средбата со откупувачите на јаболка во Ресен.

„Цените откупувачите ги соопштија и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам према земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека ќе се следи состојбата и секоја тенденција за зголемување нормално согласно потребите на пазарот нормално ќе има и корекција на самата цена.

„Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени кои што се надевам дека ќе бидат прифатливи од двете страни“, појасни тој .

Тој посочи дека во наредниот период Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки кои што треба да ги дава истото Министерство, нормално и измена на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот.

По изјавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјава даде и еден од откупувачите на јаболка при што нагласи дека на денешната средба се дојде до едно решение да оваа сезона се започне со минимална цена со што јаболкото од прва класа Ајдарет да биде до 18 денари со тенденција на пораст. Сортите да бидат со минимални цени од 20 до 22 денари. Но, сепак се ќе зависи од сортата на јаболка.

„Доколку имаме добри земјоделци, ќе имаме и добри фирми понатака“, заклучи еден од откупувачите.

„Откупната цена на индустриското јаболко ќе започнува со цена од 8 денари со тенденција од побарувачката и таа цена да расте кон повисока цена“, појасни откупувачот.

Можеби ќе ве интересира...

Поделени 493 милиони денари за зелена нафта, оваа мерка од наредната година ќе претрпи измени за да биде поефективна

BiznisPRO

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2024 година

BiznisPRO

Цените на житарките растат, финансиските средства се враќаат во игра

BiznisPRO