И Германија оваа година ќе ја заврши со економски пад

И Германија, најголемата европска економија, оваа година би можела да ја заврши со економски пад, имајќи предвид дека водечките германски економски институти ги намалија заедничките прогнози и сега веруваат дека нивната економија би можела да падне за 0,1 отсто на крајот на 2024 година.

Во претходната пролетна прогноза, експертите беа пооптимисти и очекуваа германската економија да забележи раст од 0,1 отсто во 2024 година и 1,4 отсто во 2025 година.

Покрај економскиот пад, германската економија е оптоварена и со структурни промени, смета Џералдин Дани-Кнедлик, раководител на одделот за прогнозирање и економска политика во Германскиот институт за економски истражувања (DIW).

Можеби ќе ве интересира...

Цените на гасот растат во Франција

BiznisPRO

Добри вести за пензионерите! Одобрено зголемување на пензиите во Германија: Еве колку ќе биде

BiznisPRO

Трамп воведе царини од 25 отсто за Мексико и Канада, 10 отсто за Кина

BiznisPRO