Потпишан нов Договор за соработка на Народната банка и Државниот завод за статистика

Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето солидни економски политики. Оттаму, функционалниот статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем се од суштинско значење за осмислувањето на јавните политики, но и за носењето деловни одлуки од приватниот сектор. Потпишувањето на новиот Договор за меѓусебна соработка и размена на податоци и публикациски материјали помеѓу Народната банка и Државниот завод за статистика, со кој понатаму се унапредува досегашната соработка на овие две институции е од особено значајно за функционалноста и ефикасноста на домашниот статистички систем, којшто го исполнува највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус. Со новосклучениот договор се проширува опфатот на податоците коишто се разменуваат, се олеснува и се осовременува начинот на таа размена, а истовремено се скусуваат и роковите за доставување податоци. Сето ова ќе придонесе за исполнување на статистичките барања на европските и меѓународните институции и подготовка на квалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци. Договорот за соработка во име на институциите го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и в. д. директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.

На средбата беше истакнато дека во изминатиот период, следејќи ги глобалните статистички трендови и меѓународните иницијативи, националната статистика е надградена со нови податоци, како и дека подготовката и дисеминацијата на статистичките податоци е во согласност со најновите европски и меѓународни стандарди. Беше посочено и дека секој учесник има своја улога и одговорност во производството на статистики од својот домен на работење, затоа координацијата и усогласеноста на сите чинители во статистичкиот систем е предуслов за исполнување на целите и обврските на овие институции.

Можеби ќе ве интересира...

Прием на нови 25 даночни обврзници кои преминуваат во дирекцијата за големи даночни обврзници

BiznisPRO

Дали треба денес да се посети менувачница? Курсна листа за 20 март 2024

BiznisPRO

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен e 61.569 денари

BiznisPRO