Вино во повратни шишиња – повеќекорисна практика

Голем број супермаркети почнаа да продаваат квалитетни вина во повратни шишиња од 0,75 литри на југот на Германија, а има индиции дека оваа еколошки и економски корисна практика би можела да ја прифатат и други трговски синџири.

Засега, виното во повратни шишиња се продава во некои супермаркети на синџирот Едека во провинцијата Баден-Виртемберг, како и во мали продавници за алкохол во јужниот дел на земјата и продавници за органска храна низ Германија.

Идејата е на Здружението на лозари, кое собира 13 производители со лозови насади на вкупна површина од 5.200 хектари. Во вакви шишиња со депозит од 25 евроценти може да се купат вкупно 37 сорти вино.

Според првиот човек на здружението, вратените шишиња за повеќекратна употреба може да се полнат до 50 пати.

Според здружението, постепената замена на шишињата за еднократна употреба со оние што можат да му се вратат на продавачот заштедува ресурси, енергија и придонесува за создавање помалку отпад.

Се додава дека враќањето на празна амбалажа ги врзува купувачите за одредени продавници, но придонесува и за зачувување на винската култура во Германија.

Здружението соопшти дека интерес пројавил уште еден голем синџир супермаркети, но не прецизираа за кој. Синџирот Алди објави дека со интерес го следи развојот, како и Реве, додека синџирите Лидл и Кауфланд не одговорија на новинарското прашање.

Можеби ќе ве интересира...

Падна договор договор меѓу Кина и членка на ЕУ: „Се движиме заедно“

BiznisPRO

Парадокс во САД: Податоците ги збунија и експертите

BiznisPRO

Дубаи сака да го има најголемиот аеродром во светот: Еве како напредуваат и која е нивната конкуренција

BiznisPRO