Исплатени се 139.965.962,00 денари на 3.420 лица, Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година.

Корисници на овие средства се земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива земјоделска површина со поледелски култури – пченица (барање за субвенции за засеани и ожнеани површини со пченица, подмерка 1.1) и оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 5 септември 2024 година.

Исто така корисници се и земјоделски стопанства кои произведената пченица ја користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм.

Можеби ќе ве интересира...

Тутунот се откупува за 400 денари по килограм, а државата на тутунарите ќе им подели и 100 денари дополнителна субвенција за првата класа

BiznisPRO

Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници

BiznisPRO

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

BiznisPRO