Индекси на прометот во индустријата, октомври 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 98.6.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.7 %

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, изнесува 105.6, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 88.9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 102.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 % и Капитални производи за 14.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, изнесува 111.0, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 97.7.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 96.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 30.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека
опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, изнесува 104.5, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 85.9.

Можеби ќе ве интересира...

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

BiznisPRO

Во јануари повеќе туристи од истиот период лани

BiznisPRO

Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата

BiznisPRO