УЈП ги повикува сите граѓани кои издаваат недвижни имоти ЗАДОЛЖИТЕЛНО да пријавуваат и да платат данок!

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги“, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.

Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци:

10% од износот на доходот (за неопремен простор).
15% од износот на доходот (за опремен простор).
Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД) преку системот „е-Даночни услуги“.

Корисни информации:
За повеќе информации, можете да се обратите во Контакт центарот
e-пошта: Info@ujp.gov.mk
тел. 0800 33 000
моб. 02 3253 200

Како и во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.

Достапна е и брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп.
Доколку сè уште не сте регистрирани на системот „е-Даночни услуги“, направете го тоа веднаш. Следете го линкот за постапката за регистрација на е-Даночни услуги.
Бидете одговорни даночни обврзници, навременото и точно пријавувај те и исполнете ги вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со важна инфомрација – надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги, можен е прекин

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 6.6.2024

BiznisPRO

МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг

BiznisPRO