„SPORT LIFE“ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ ГИ НАГРАДИЈА НАЈУСПЕШНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА 2024

„Sport Life“ обложувалници, четврта година по ред го организираа настанот на кој ги наградија своите најуспешни вработени. За нивните достигнувања и за професионалното ангажирање во текот на 2024 година, 70 вработени добија ваучери во вредност од 12.000 денари, коишто можат да ги искористат за одмор, патувања, шопинг во бројни трговски центри и за други услуги.

Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги вклучуваа нивните резултати во различни сегменти на работниот процес во текот на годината, како и нивниот стаж и искуство во „Sport Life“.

Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух во „Sport Life“ е наша приоритетна цел, и таа се одвива во текот на целата година. На крајот на годината само ги сумиравме резултатите и заеднички го прославивме успехот.“, велат од „Sport Life“.

„Sport Life“ е лидер во областа на спортските обложувалници и игрите на среќа, со повеќе од две децении искуство на пазарот. Компанијата континуирано инвестира во својот тим преку обуки, тренинзи и стипендии за образование. За постигнување на високи резултати, вработените добиваат редовни бонуси и награди, како и можности за кариерен напредок.

Можеби ќе ве интересира...

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал/првите девет месеци од 2024

BiznisPRO

Заради можни повреди на правото на сопственост Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите правни дејствија од член 368 од Законот за облигациони односи

BiznisPRO

Атлантик Група: Силен раст на приходите од продажба

BiznisPRO