Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а повисоки за 5.3 % на годишно ниво.

Во декември 2024, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Енергија за 0.9 %.

Во декември 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12.9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 % и Трајни производи за широка потрошувачи за 2.9 %.

Можеби ќе ве интересира...

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик – „Свет полн со добрина е свет полн со можности“

BiznisPRO

Оваа наша банка веќе ги исплати јануарските пензии предвреме

BiznisPRO

Колку чинат девизите денес? – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO