Македонски Телеком ја заврши 2024 година со одлични финансиски резултати, раст и лидерство

Македонски Телеком ja затвори 2024 година со успешни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Успешното работење се темели на стратегијата за пионерство во новите технологии и најдобро корисничко искуство.

Приходите од продажбата се поголеми за 2 проценти, а оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) бележи зголемување од 0,3 проценти споредено со истиот период минатата година. Нето добивката е зголемена за дури 7,6 проценти, а вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од 2024 година изнесуваат 2,286 милиони денари.

Најголемата гигабитна мрежа

Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 344 илјади пристапи до оптика, што е за 9,6 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Повторно ја освоивме престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа, како и најдобар квалитет на мобилната мрежа.

Број 1 за корисниците 

Трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти се должи на фокусот на супериорно корисничко искуство. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 218 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел на пазарот од 62,2 проценти и 233 илјади корисници. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 48,1 процент со стабилна база од 1,28 милиони корисници.

Првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, Magenta Moments, достигна 280 илјади корисници.

Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, како и според Love Brand индексот, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници.

Одговорност кон општеството и животната средина 

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до речиси 33 500 илјади корисници. И годинава ја продолживме еко-акцијата за собирање и рециклирање стари уреди и собравме над 6.2 тони отпад од елекрична и електронска опрема, како и 9 600 стари уреди. Придонесуваме за намалување на штетните емисии на CO2, со тоа што сме како компанија CO2 неутрални. Нашиот тим го движи прогресот и оваа година сме прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво и го имаме престижниот сертификат Employer Partner.

Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години.

Можеби ќе ве интересира...

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV

BiznisPRO

Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

BiznisPRO

Водафон ги продаде своите италијански операции на Swisscom за 8 милијарди евра

BiznisPRO