ДЗС потпиша Меморандум за соработка со Американскиот колеџ

Во насока на унапредување на академската и научната соработка, како и во рамките на посветеноста на Државниот завод за статистика за подобрување на соработката со академската заедница, беше потпишан меморандум за соработка со Американскиот колеџ.

Потпишувањето на Меморандумот претставува клучен чекор кон создавање нови можности за развој на заеднички проекти, семинари и научни активности што ќе ја поттикнат иновацијата во академската сфера. Со ова партнерство, ќе се обезбеди подобра координација и размена на информации меѓу институциите, што ќе овозможи поефикасно користење на статистичките податоци во академските истражувања и образованието, се вели во информацијата на ДЗС.

Меморандумот не само што ќе ја унапреди соработката cо академската заедница, туку и ќе ги зајакне врските помеѓу нашите институции, обезбедувајќи долгорочен развој на научните истражувања и едукацијата, додаваат од заводот.

фото ДЗС

Можеби ќе ве интересира...

Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед

BiznisPRO

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој

BiznisPRO

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во среда? – Курсна листа за 30.10.2024

BiznisPRO