Краш минатата година со над 20 проценти поголема добивка од претходната година

Групацијата КРАШ од Хрватска лани оствари нето добивка од 8,14 милиони евра, што е за 1,42 милиони евра или 21 отсто повеќе од 2023 година, објави Краш.

Остварена е ЕБИТДА од 19,3 милиони евра, што е раст од 1,29 милиони евра или 7,2 отсто, додека маржата на ЕБИТДА изнесува 11 отсто, што е намалување за 0,2 процентни поени.

Вкупниот приход на групацијата изнесува 191,77 милиони евра, што е за 11,88 милиони евра или 6,6 отсто повеќе од вкупните приходи остварени во истиот период во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Силен раст на просечната плата во Хрватска

BiznisPRO

Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

BiznisPRO

Глово се повлекува од словенечкиот пазар

BiznisPRO