Добра вест: Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на горивата, која стапува на сила од денеска на полноќ. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари по литар во однос на претходната одлука од 24 февруари 2025 година.

Со ова намалување, новите малопродажни цени на горивата се:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 77,50 ден/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 79,50 ден/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 72,00 ден/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 71,50 ден/литар

Дополнително, цената на мазутот М-1 НС е намалена за 1,226 денари по килограм, со што неговата нова малопродажна цена изнесува 44,952 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Ова се сите производи кои ќе бидат намалени со есенската кошничка

BiznisPRO

Кинескиот производител на автомобили планира фабрика во Србија

BiznisPRO

Регулаторна утврди нови цени на горивата

BiznisPRO