Ер Србија: Повеќе од половина милион патници во првите два месеци од годинава

Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ денеска објави дека за прв пат во својата историја превезла повеќе од половина милион патници во јануари и февруари годинава.

Во текот на февруари, српската национална авиокомпанија забележала 239.198 патници во редовен и чартер сообраќај, додека бројот на превезени патници во јануари изнесува 276.198, се вели во соопштението.

Од аеродромите во Белград, Ниш и Краљево, „Ер Србија“ во февруари реализираше 2.874 летови, што е за пет отсто повеќе отколку во февруари 2024 година.

Најпопуларните дестинации на Ер Србија во регионот беа Подгорица и Тиват, додека во Западна Европа најпопуларни летови беа Париз, Цирих, Милано, Франкфурт, Амстердам и Виена.

Во пошироката евро-медитеранска зона најмногу патници полетале за Истанбул, Атина, Барселона и Ларнака.

Можеби ќе ве интересира...

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

BiznisPRO

Доларот драстично падна минатата недела

BiznisPRO

УЈП со нов визуелен идентитет – “Заеднички градиме иднина” (ВИДЕО,ФОТО)

BiznisPRO