Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.

– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.

Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.

Можеби ќе ве интересира...

АФПЗРР : Започнува периодот за аплицирање за дополнителните плаќања за предадени јаболка кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети.

BiznisPRO

Исплатени се 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

BiznisPRO

Индекси на цените во земјоделството, јануари 2025 година

BiznisPRO