Индекси на прометот во индустријата, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 11.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 15.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 104.9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 99.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.5 %, Капитални производи за 22.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 71.9.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 110.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.3 %, Капитални производи за 12.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 23.7 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 118.0.

Можеби ќе ве интересира...

МКА 2000 се вклучува во европските текови на менаџмент консалтинг

BiznisPRO

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

BiznisPRO

ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ПОД ЛУПА НА БРОЈКИТЕ: ДЗС објави колку изнесува додадената вредност во 2024 година

BiznisPRO