Total TV станува дел од Телеком Србија – што значи ова за постоечките корисници?

Согласно претходно потпишаните договори, сателитската ТВ услуга EON SAT (Total TV) е продадена од страна на United Group на Телеком Србија а.д.

Како компанија која се грижи за своите корисници, Total TV д.о.о. Скопје има за цел на јасен и транспарентен начин да ја информира јавноста за оваа транзиција. Иако процесот сè уште не е целосно завршен, корисниците на сателитската услуга сега практично стануваат корисници на компанијата Телеком Србија.

Од 3 април, корисниците ќе добијат повеќе од 90 нови канали. На барање на новиот сопственик, редоследот на каналите ќе се прилагоди на програмската шема на Телеком Србија – нивните канали ќе бидат поставени први, а потоа ќе следуваат каналите кои не се во сопственост на оваа компанија.

За време на преодниот период, Total TV ќе продолжи да дава целосна поддршка за процесот со цел да се обезбеди непречен и лесен премин. Техничката и корисничката поддршка ќе бидат достапни преку посебен контакт-центар на бројот 023063000, сè додека префрлувањето кон Телеком Србија не биде целосно завршено.

Можеби ќе ве интересира...

УСЈЕ го претстави својот напреден пристап во примената на вештачката интелигенција на AI Tech Summit 2024

BiznisPRO

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

BiznisPRO

Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга: Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

BiznisPRO