СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ И ФИРМИ ОБЈАВЕНА НОВА ЛИСТА – Еве кој колку должи за данок кон државата

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.08/2025 за долгови доспеани до 30.04.2025 и неплатени до 31.07.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа), информира УЈП.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 161.102.815 денари (повеќе за 38.890.447 од претходната листа).

Листата може да ја погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со МНОГУ ВАЖНА информација до ГРАЃАНИТЕ кои не го платиле доспеаниот данок – Ова треба да се плати ВЕДНАШ!

BiznisPRO

УЈП со важна информација до фирмите кои се даночни обврзници

BiznisPRO

Нови цени на горивата – едни поскапија, други поевтинија

BiznisPRO