Познато е кога ќе тргне исплатата на пензиите – некои од македонските банки тоа го прават предвреме

Ноемвриската пензија ќе биде исплатена на први декември 2026-та година во понеделник, согласно законот, секогаш пензијата се исплаќа првиот работен ден во месецот.

Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и предвреме, па така нема биде изненадување ако некои од пензионерите пензијата ја примат уште следната недела.

Според новиот Закон следното покачување на пензиите ќе биде во април со мартовската пензија и тоа за илјада денари линеарно за сите.

Линеарното покачување на пензиите е оспорено законско решение, кое во следниот период ќе биде разгледувано и одлучено по него од Уставниот суд.

Можеби ќе ве интересира...

Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година споредено со истиот период од претходната година

BiznisPRO

„Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста, квалитетот и интернационалниот потенцијал

BiznisPRO

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови до крајот на 2028 година

BiznisPRO