Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем.

Министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската сигурност на државата мора да работи беспрекорно, со стабилна динамика на проектите и без одложувања.

„ Во услови кога енергетската стабилност е приоритет на државата, од суштинско значење е преносната мрежа да се одржува континуирано, да се модернизира и да се развива во чекор со европските стандарди, со јасна стратегија и дневна оперативна дисциплина. Само со заедничка и навремена координација, заедно со Управниот и Надзорниот одбор можат да се надминат евентуалните застои кај клучните проекти, навремено да се решаваат административните пречки и да се обезбеди континуирана модернизација и одржување на преносната мрежа.“ истакна Божиновска.
На состанокот се разгледаа клучните точки:
• Напредокот и тековниот статус на големите инфраструктурни проекти што се во реализација.
• Планирањето и приоритизацијата на нови стратешки проекти за зајакнување на мрежата.
• Предизвиците во секојдневното работење и моделите за нивно надминување за поголема ефикасност и подобра оператива.

Од следната година, МЕПСО ќе стане полноправен член на Joint Allocation Office (JAO) – единствената европска платформа за аукции на прекугранични преносни капацитети. Со приклучувањето кон JAO, македонскиот системски оператор влегува во хармонизираниот европски модел за тргување со електрична енергија, према границите со Србија и Бугарија, додека со останатие соседи остануваме на регионалната платформа (ЦЕО) . Ова членство ќе овозможи поефикасно управување со прекуграничните капацитети, поголема транспарентност и интеграција на македонскиот пазар во европските електроенергетски текови.

Министерството ќе продолжи со редовна комуникација и координација со МЕПСО, за да обезбеди стабилен, модерен и сигурен преносен систем кој е основа на енергетската безбедност и развојот на државата.

фото Министерство за Енергетика

Можеби ќе ве интересира...

Просечната плата достигна 41.252 денари

BiznisPRO

Цената на парното не се менува

BiznisPRO

Студенти од Brainster Next го дизајнираат новиот Limited Edition изглед на „Златен Даб“

BiznisPRO