Во 2025 година се регистрирани 504 478 хектари обработлива површина, соопшти Државниот завод за статистика.
Кај обработливата површина, намалување е забележано кај лозјата за 1.9 %, а зголемување кај овоштарниците за 1.5 %.
Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај сончогледот за
5.8 %, оризот за 2.9 %, тутунот за 3.5 %, компирот за 2.3 %. Кај останатите култури намалување е забележано кај доматите за 2.6 %, пиперките за 1.4 % и крмната пченка за 33.5 %.
Во 2025 година, во однос на 2024 година, е забележано значително намалување на производството кај сите овошја, и тоа од 31.6 % кај праските до 54.1 % кај црешите.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
