Цени на електричната енергија и природниот гас, второ полугодие 2025 година

Во второто полугодие од 2025 година има благо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, додека кај останатите потрошувачи цената на електричната енергија и цените на природниот гас, генерално, се намалуваат, соопшти ДЗС.

Во второто полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност, за крајните потрошувачи (освен домаќинствата) се движи од 5.820 до 15.340 денари по kWh, по групи на потрошувачи. Во споредба со претходното полугодие, просечната цена по kWh е намалена за 0.5 %.
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 7.330 денари по kWh, што претставува пораст од 0.8 % во споредба со првото полугодие од 2025 година.

Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена вредност, за крајните потрошувачи (освен домаќинствата) се движи од 675.472 до 1 358.232 денари по GJ, по групи на потрошувачи. Притоа, се забележува намалување на цената на природниот гас од 11.7 % до 23.4 % по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува
1 968.2 денари по GJ и бележи намалување од 4.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Големо поевтинување на бензинот – Ова се новите цени

BiznisPRO

Дизелот достигна 95,5 денари за литар – од денеска повторно поскапување на горивата

BiznisPRO

Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција: Стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција

BiznisPRO