ЕВН Македонија го одбележа Денот на Никола Тесла

По повод Денот на Никола Тесла, ЕВН Македонија организираше едукативна посета на изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“ за група деца во Чифте амам.

Најмладите имаа можност да откријат интересни факти за електричната енергија, да дознаат кој бил Никола Тесла и да научат повеќе за електричната енергија, нејзиниот пат од производство до домовите и колку е важна во секојдневниот живот, разгледувајќи фотографии и приказни за развојот на ЕВН Македонија во изминатите 20 години. Во рамки на посетата беше организирана и креативна работилница, на која создаваа дела инспирирани од природата и преку игра и креативно изразување ја откриваа важноста на грижата за светот околу нас.

Изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“, која е дел од одбележувањето на 20 годишниот јубилеј, има документаристички карактер и претставува ретроспектива на најзначајните проекти и достигнувања на компанијата во изминатите две децении. Посетителите преку фотографии, архивски материјали и факти можат да го проследат развојот на компанијата, инвестициите во електродистрибутивната мрежа, дигитализацијата на процесите, развојот на обновливите извори на енергија и придонесот кон модернизацијата на македонскиот енергетски сектор.

ЕВН Македонија и преку овие активности го продолжува својот придонес кон подигнување на свеста за значењето на електроенергетиката, науката и техничките науки кај младите генерации, поттикнувајќи интерес за знаењето, иновациите и одржливиот развој.

фото ЕВН Македонија

Можеби ќе ве интересира...

Отворен новиот производствен погон на Виталиа

BiznisPRO

Ексклузивна можност за професионална инспирација на конферeнцијата „Чувари на мудроста“

BiznisPRO

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија 

BiznisPRO