ГЕРМАНСКИ МЕДИУМСКИ ГИГАНТ САКА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИОТ TIKTOK – Се разгледува можност за нова сопственичка структура

Германската медиумска групација Axel Springer е заинтересирана за преземање удел во европскиот деловен сегмент на TikTok. Според информации на Financial Times“, извршниот директор Матијас Депфнер разговарал за ваквата можност со американскиот амбасадор во Франција, Чарлс Кушнер.

Предлогот наводно се заснова на модел сличен на американското преструктурирање на TikTok, каде прашањата за сопственоста, алгоритмот и управувањето со корисничките податоци беа дел од политичките и деловните преговори.

Засега нема официјално потврден договор за преземање удел во европскиот бизнис на платформата. Станува збор за медиумски информации за интерес и прелиминарни разговори.

Можеби ќе ве интересира...

Apple ќе мора да им исплати на корисниците на некои од старите iPhone уреди повеќе од 300 евра: Ова е причината

BiznisPRO

МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHP

BiznisPRO

TECHMECH 2026: Откријте ги инженерите што ќе ја градат иднината на нашата држава

BiznisPRO