Регион

ГРЦИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈНИСКИ ПЛАТИ ВО ЕУ – Просекот изнесува 18.800 евра годишно

Грција во 2025 година забележала просечна годишна плата приспособена на полно работно време од 18.800 евра, покажуваат денешните податоци на Евростат.

Со ова Грција се наоѓа меѓу земјите со најниски вредности на овој показател, по Бугарија, додека Унгарија има просек од 20.100 евра. Разликата во однос на просекот на ЕУ од 41.500 евра е значителна.

Показателот не ги зема предвид разликите во трошоците за живот и не е погоден самостојно да покаже во која земја работниците имаат најголема куповна моќ. За таква споредба потребни се дополнителни показатели за цените и реалните приходи.