LIfe

Браво кафе – домашно традиционално кафе на кое потрошувачите му веруваат

Скопје, ноември 2026 – Браво кафе е најпознатиот бренд во категоријата Традиционално (турско) кафе во Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови 2026“ на агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Со препознатливост од 33%, Браво кафе ја презема лидерската позиција во категорија во која во претходните години прво место држеше Гранд кафе.

Резултатот не е изненадување, туку потврда на долгогодишната доверба и постојан квалитет на овој посакуван бренд од македонците. Препознатливоста на Браво кафе континуирано расте, од 26% во 2021 година до 33% во 2026 година, со зголемување од 6 процентни поени само во однос на минатата година. Тоа е знак дека сè повеќе домаќинства го препознаваат Браво кафе како свое, домашно кафе, со вкус што им е близок и познат.

Кафе што потрошувачите не само што го знаат – туку и го сакаат

Особено значаен е податокот за преферирањето. Браво кафе остварува преферирање од 35%, што е повисоко од неговата препознатливост од 33%. Ова е редок пример меѓу сите 17 категории анализирани во истражувањето – кај сите други водечки брендови преферирањето е еднакво или пониско од препознатливоста. Со други зборови, потрошувачите кои го пробале Браво кафе, го избираат и му се враќаат, што е најсилниот показател за довербата и лојалноста кон брендот.

Традиција во секоја шолја

Традиционалното кафе кај нас е многу повеќе од напиток. Тоа е утрински ритуал, повод за разговор, знак на гостопримство и дел од секојдневието на секое македонско семејство. Токму во таа категорија, каде изборот е лично и емотивно прашање, Браво кафе успеа да изгради блиска врска со потрошувачите – како домашно кафе со препознатлив вкус и арома, на кое им се верува од генерација на генерација.

Растот на препознатливоста, преземањето на лидерската позиција и високото ниво на преферирање покажуваат дека Браво кафе е бренд со стабилна и сè посилна позиција на пазарот, изградена врз квалитет, традиција и доверба.

„Првото место во препознатливоста и фактот што потрошувачите нè преферираат дури и повеќе отколку што нè знаат, за нас е најголемо признание. Тоа значи дека луѓето го чувствуваат Браво кафе како свое. Ова е обврска да продолжиме да го негуваме вкусот и квалитетот што ги сакаат и да бидеме дел од нивните секојдневни мигови“, изјавија од Браво кафе].

Истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови 2026“ е спроведено од агенцијата Инсајдер ИД и опфаќа 17 категории производи, со споредба на резултатите од 2021 до 2026 година.