УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, ПРЕВЗЕМАЊЕ И АГРЕГИРАЊЕ СОДРЖИНИ (ТЕКСТ, СЛИКА, ВИДЕО И ДРУГО) ПРЕКУ RSS-ФИДОВИ ИЛИ ДРУГИ НАЧИНИ
Овие услови се однесуваат на следните интернет-медиуми:
- Centar.mk – www.centar.mk
- Vestiplus.mk – www.vestiplus.mk
- Biznispro.com – www.biznispro.com
- Zena.mk – www.zena.mk
1. Потребна е обврзувачка писмена дозвола за агрегирање и користење содржини во делови или во целост
Сите оригинални новинарски текстови, фотографии, видеоматеријали, анализи, репортажи и други авторски содржини објавени на интернет-порталите Centar.mk, Vestiplus.mk, Biznispro.com и Zena.mk се предмет на заштита согласно важечките прописи за авторското право и сродните права во Република Северна Македонија.
Преземањето, автоматското прибирање, обработката, репродуцирањето, дистрибуцијата или агрегирањето на содржини од наведените медиуми преку RSS-фидови, автоматизирани системи, софтверски алатки или други технички средства за комерцијални цели е дозволено исклучиво врз основа на претходна писмена согласност односно комерцијален пакет лиценца од овластен претставник на соодветниот медиум или посебно склучен договор.
2. Комерцијален пакет за лиценцирано агрегирање
За заинтересираните агрегатори, интернет-платформи, информативни сервиси и други правни субјекти се предвидува посебен комерцијален пакет за ограничено користење на авторските содржини од наведените четири медиуми.
Месечен надоместок: 30.000 денари + ДДВ за секој медиум посебно
Наведениот износ претставува единствен месечен надоместок за лиценцирано агрегирање содржини за еден избран медиум, во рамките на договорениот обем на користење.
Во рамките на пакетот, по претходно писмено одобрение или склучување соодветен договор, на корисникот ќе му бидат доделен посебен авторизиран РСС ФИД што содржи оригинални материјали создадени од новинарите и авторите на Centar.mk, Vestiplus.mk, Biznispro.com и Zena.mk.
Со закуп на лиценцата дозволеното користење е строго ограничено на:
- Насловот на објавената содржина;
- Првиот пасус од новинарскиот текст;
- Една мала придружна фотографија (thumbnail), доколку постојат соодветни права за нејзино лиценцирање.
Агрегираните содржини мора јасно да го наведуваат изворниот медиум и да содржат директна, функционална врска до оригиналната објава.
Пакетот не опфаќа право на преземање и објавување целосни текстови, фотографии во оригинална резолуција, видеоматеријали или други авторски содржини, освен ако тоа не е изречно предвидено со посебен писмен договор.
Дозволата важи исклучиво за времетраењето и во обемот утврдени со договорот.
Самото постоење, јавната достапност или техничката можност за преземање RSS-фидови од наведените медиуми не претставува дозвола за нивно комерцијално користење или агрегирање.
3. Неовластено преземање и агрегирање
Секое преземање, репродуцирање, автоматско собирање, дистрибуирање или јавно објавување авторски содржини од Centar.mk, Vestiplus.mk, Biznispro.com и Zena.mk без претходна писмена дозвола или важечки договор претставува неовластено користење, доколку таквото користење не е дозволено со закон.
Оваа одредба се однесува и на делумно преземање содржини, вклучително и наслови, први пасуси и придружни фотографии, кога со таквото користење се повредуваат заштитени авторски или други права.
За неовластено комерцијално агрегирање на заштитени содржини од наведените медиуми агрегаторот/медиумот или друго лице кое ги користи нашите авторски соддржини за надомест на штета во висина од 10.000 евра/месечно во денарска противвредност за користење на рсс фидовите или превземање на некој друг начин на сите или дел од статиите ден во текот на еден месец на неовластено користење, со примена на ДДВ доколку е законски применлив.
Наведениот износ претставува основа за побарување од страна на носителите на соодветните права.
4. Заштита на авторските права и правни мерки
Медиумите Centar.mk, Vestiplus.mk, Biznispro.com и Zena.mk, односно нивните законски носители на права, го задржуваат правото да преземат соодветни правни дејствија против физички и правни лица кои неовластено преземаат, користат, репродуцираат, објавуваат или агрегираат нивни заштитени авторски содржини.
Правните дејствија може да вклучуваат:
- Барање за итен престанок на неовластеното користење;
- Барање за отстранување на неовластено преземените материјали;
- Барање за надомест на причинетата материјална и друга законски признаена штета;
- Поведување соодветни судски постапки;
- Преземање други законски дозволени мерки за заштита на авторските и сродните права.
Независно од правата на медиумите, авторите на новинарските текстови, фотографиите, видеоматеријалите и другите авторски дела ги задржуваат своите законски права за самостојна заштита.
5. Завршни одредби
Овие услови се применуваат на сите четири медиуми: Centar.mk, Vestiplus.mk, Biznispro.com и Zena.mk од 1. мај 2026 година.
Ниту еден агрегатор, интернет-платформа или друг некомерцијален (ниту физичко лице), комерцијален корисник не стекнува право на користење заштитени авторски содржини само врз основа на нивната јавна достапност на интернет.
Сите дозволи за комерцијално агрегирање мора да бидат однапред одобрени во писмена форма и прецизно да го утврдуваат обемот, времетраењето и условите на користење.
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ.
Секое користење надвор од законски дозволениот обем или надвор од изречно дадената писмена дозвола може да биде предмет на соодветна правна постапка.
последно освежено 11.11.2026 година
