Технологија

APPLE TV СО ВАЖНА НОВИНА ЗА ГЛЕДАЧИТЕ – Знаковен јазик директно во филмовите

Apple TV воведува нова функционалност што ќе овозможи дел од филмските и телевизиските содржини да се гледаат со толкување на знаковен јазик. На екранот ќе се појавува толкувач кој ќе го пренесува говорот на знаковен јазик, без потреба корисникот да отвора посебна верзија на филмот.

Во првата фаза ќе бидат поддржани американскиот и британскиот знаковен јазик. Функцијата ќе биде достапна на ограничен број наслови, а Apple најавува постепено проширување на понудата.

Компанијата нагласува дека толкувачите нема да бидат генерирани со вештачка интелигенција. Новата опција е замислена како дополнителен избор за пристапност, слично на активирањето титлови или аудиоопис, со цел филмската содржина да биде подостапна за глувите гледачи.