Потрошувачките цени во Црна Гора во октомври биле за 5,9 проценти повисоки од истиот месец лани. Во однос на септември пораснале за 0,5 проценти. Горивата, облеката и дел од прехранбените производи придонеле за месечното поскапување.
Облеката и обувките поскапеле за 3,9 проценти во однос на септември, а превозот за 1,3 проценти. Храната и безалкохолните пијалаци биле поскапи за 0,3 проценти. Во спротивна насока се движеле цените во рестораните и сместувањето, со месечен пад од 3,6 проценти.
