Регион

НОВА ЕКОНОМСКА ПРОГНОЗА ЗА БУГАРИЈА – Раст од 2,7 проценти, но и дефицит од 5 проценти

Бугарската економија се очекува да забележи раст од 2,7 проценти во 2026 година, покажува новата есенска прогноза на Европската комисија, објавена денеска. За 2027 година е предвидено забавување на растот на 2,1 процент.

Комисијата предупредува дека поскапувањето на енергенсите и услугите ќе продолжи да ја одржува инфлацијата на повисоко ниво. Годишната инфлација за 2026 година е проценета на 4,6 проценти.

Буџетскиот дефицит се очекува да достигне 5 проценти од БДП, а јавниот долг постепено да расте во наредните години.