ЕФЦ најавува интегрирано решение за е-трговците – од складирање и онлајн управување со залихите, до пакување и испорака во Македонија и низ Балканот.
Скопје, 18 ноември 2026 година – „Зошто компаниите да инвестираат во сопствен магацин, вработени и логистика, кога сето тоа можат да го добијат како една комплетна услуга?“ Ова беше една од клучните пораки на медиумскиот појадок организиран од ЕФЦ – Еко Фулфилмент Центар, посветен на подготвеноста за Black Friday 2026 и новите можности за развој на електронската трговија.
На настанот говореа Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ, и Иван Димишковски, раководител во ЕФЦ, кои ги претставија логистичките решенија на компанијата, со посебен акцент на новите старт-пакети наменети за компании што започнуваат или го прошируваат својот онлајн бизнис.
„Не ви се исплати да земате магацин под кирија – ние ви нудиме сè на едно место“
„Нашата порака до компаниите е едноставна: не ви се исплати да земате магацин под кирија, да инвестирате во опрема, персонал и дополнителни логистички процеси. Ние ви нудиме комплетен пакет – магацински простор, дигитализирано управување со производите, обработка на онлајн нарачките, пакување и организирана достава. Вие фокусирајте се на продажбата, а логистиката препуштете ни ја нам“, истакна Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ.
Според Гешовски, целта е да им се овозможи на компаниите да започнат или да го прошират својот бизнис без големи почетни инвестиции во сопствена логистичка инфраструктура.
Дигитална контрола врз секој производ и секоја нарачка
Една од главните предности на решението што го нуди ЕФЦ е дигитализираното управување со целиот процес.
Компаниите можат онлајн да имаат преглед на залихите за секој артикл, бројот на примени и обработени нарачки, како и статусот на нивната подготовка и испорака.
„Денес, за еден онлајн бизнис не е доволно само да има добра веб-продавница. Потребно е во секој момент да знае колку производи има на залиха, колку нарачки се примени, кои се подготвени за испорака и каде се наоѓа секоја пратка. Токму затоа нашиот процес е дигитализиран и организиран така што компаниите добиваат контрола и прегледност, без самите да управуваат со магацинските операции“, посочи Иван Димишковски, раководител во ЕФЦ.
Испорака следниот ден – не само во Македонија, туку и низ Балканот
ЕФЦ посебно го истакна регионалниот потенцијал на својата логистичка мрежа, преку партнерства за достава на пратки на балканските пазари.
„Нашата предност е што не застануваме само на складирањето и пакувањето. Имаме партнери за достава следниот ден, а соработуваме и со партнери низ Балканот. На компаниите сакаме да им овозможиме од едно место да ја организираат продажбата и логистиката за повеќе пазари. Сметаме дека во моментов ваква целосна комбинација на услуги не ја нуди ниту еден друг оператор на пазарот“, нагласи Лео Гешовски.
Black Friday – вистински тест за е-трговијата
На медиумскиот појадок беше потенцирано дека Black Friday не е предизвик само за продажните тимови, туку и за целиот логистички синџир.
Зголемениот број нарачки бара брза обработка, прецизна евиденција на залихите, навремено пакување и сигурна достава.
„Купувачот не го интересира колку нарачки има една компанија или колку е оптоварен нејзиниот магацин. Тој очекува производот што го нарачал да пристигне навреме. Затоа логистиката мора да биде подготвена пред да започне продажниот бран“, истакна Иван Димишковски.
ЕФЦ – логистички партнер за раст на бизнисите
Со новите старт-пакети, ЕФЦ има цел да ја направи професионалната логистика подостапна за малите, средните и растечките компании, особено за оние што работат во електронската трговија.
Наместо фиксни трошоци за магацин, организација на персонал и управување со испораките, компаниите добиваат можност да користат интегрирана фулфилмент услуга приспособена на нивните деловни потреби.
Пораката на ЕФЦ е: „Вие продавајте. Ние складираме, пакуваме и доставуваме – во Македонија и низ Балканот.“
фото ЕФЦ
