Романските власти подготвуваат нова програма за финансирање компании преку комбинирање јавни средства и приватни инвестиции. Министерот за финансии Александру Назаре најавил дека целта е претпријатијата да добијат дополнителни извори на капитал, наместо за својот развој да се потпираат исклучиво на традиционалните банкарски кредити.
Според информациите објавени од Радио Романија Интернационал, државата веќе вложила дополнителни 250 милиони евра, обезбедени од европски фондови, во капиталот на Инвестициската и развојна банка. Новиот модел треба да помогне во привлекувањето приватни инвеститори и финансирањето производствени капацитети, развој на нови производи и излез на странски пазари.
Потребата од дополнителни извори на финансирање доаѓа во услови на ограничен буџетски простор и притисок за намалување на државните расходи. За компаниите од регионот, ваквите механизми претставуваат пример за финансиски инструменти што можат да го олеснат растот, но нивната ефикасност зависи од критериумите, управувањето и изборот на проекти.
