АФПЗРР : Започнува аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,
– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:

www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Можеби ќе ве интересира...

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

BiznisPRO

МЗШВ: Исплатени 455,3 милиони денари кон 1771 сточар за обележани грла овци постари од 12 месеци

BiznisPRO

Дневница од 1.600 до 2.000 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка

BiznisPRO