АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ упатува апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет и за Агенцијата и за државата.

Можеби ќе ве интересира...

Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

BiznisPRO

Ќе уживаме уште во неколку неработни дена, еден се паѓа за една седмица – Еве кои неработни денови следуваат

BiznisPRO

Курсна листа за 25 декември 2024

BiznisPRO