фото Бизниспро

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

Американските медиуми информираат дека како што растат цените на јајцата во Америка, потрошувачите почнаа да ги набавуваат своите јајца во Мексико и Канада.

Па така, американското Министерство за земјоделство забранува ваков увоз на јајца кои не се проверени по официјални канали бидејќи може да шират болести, пишува Волстрит журнал, а пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку како што пренесуваат медиумите, таканаречениот „пресретнат“ увоз на јајца се зголеми за 36 отсто низ САД во однос на претходната година, покажуваат податоците на американската Царина и гранична заштита. Во делови од Тексас поблиску до мексиканската граница, тој број е зголемен за 54 отсто, според Царината и граничната заштита на САД (CBP). Во Сан Диего повеќе од двојно е зголемен бројот на шверцувани јајца.

„Разликата во цената е огромна, јајцата се поевтини за околу 70 проценти во Мексико“, велат од царинската служба.

Просечната цена на 12 јајца од одделение А во САД минатиот месец беше 5,90 долари, што е помалку од околу 3 долари една година порано. Клиентите во некои продавници плаќаат и до десет долари или повеќе за јајца. Причина за наглиот скок на цената на јајцата се последиците од птичјиот грип и уништувањето на голем број живина.

Цените на јајцата во Мексико генерално се под 2 долари за 12 јајца, иако во некои погранични градови сега достигнаа цена од околу 2,30 долари, според податоците на мексиканската влада, се вели во информацијата.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е кога тргнува исплатата не пензиите

BiznisPRO

Дали во понеделник треба да посетите менувачница – Еве колку чинат валутите според најновата курсна листа на НБРМ

BiznisPRO

Убава вест: Ново поевтинување на бензините и дизелот во Македонија

BiznisPRO