„Апокалипсата“ доаѓа – елиминација на милиони работни места

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) може да доведе до елиминација на речиси осум милиони работни места во Велика Британија.

Најранливите категории се жените, помладите работници и вработените кои се слабо платени, се вели во новиот извештај на Институтот за истражување на јавни политики (ИППР).

Институтот истакна дека воведувањето нови технологии за вештачка интелигенција во следните три до пет години според „најлошото можно сценарио“ најмногу ќе ги загрози работните места со скратено работно време, почетните позиции на работа и административните работни места, пренесува Гардијан.

Голем број компании во Обединетото Кралство прифаќаат генеративни технологии за вештачка интелигенција, кои можат да читаат и креираат текст, податоци и софтверски код, за да ги автоматизираат секојдневните задачи на работното место.

Анализирајќи 22.000 задачи во економијата кои покриваат секаков вид на работа, IPPR рече дека 11 отсто од задачите што моментално ги извршуваат работниците се изложени на ризик.

Ова, сепак, може да се зголеми на 59 проценти од задачите во вториот бран бидејќи технологиите се развиваат за да се справат со сè покомплексните процеси.

Вештачката интелигенција веќе може да замени некои работници кои извршуваат рутински задачи, на пример во администрацијата, а технологиите за вештачка интелигенција подоцна би можеле да извршуваат посложени задачи како што се создавање база на податоци, пишување текстови или графички дизајн.

IPPR го објави и „најдоброто можно сценарио“ за усвојување на вештачката интелигенција, според кое британската економија би можела да порасне за четири проценти, односно за 92 милијарди фунти годишно, притоа зачувувајќи ги сите работни места.

Генеративната вештачка интелигенција може да доведе до големи пореметувања на пазарот на трудот или да го поттикне економскиот раст и во секој случај ќе ги промени животите на милиони луѓе, рече вишиот економист на IPPR, Карстен Јунг.

Сепак, тој додаде дека „технологијата не е судбина“ и дека владите на земјите, работодавачите и синдикатите имаат можност сега да донесат клучни одлуки за добро управување со вештачката интелигенција.

„Ако не дејствуваат наскоро, можеби ќе биде предоцна“, заклучил Јунг.

Можеби ќе ве интересира...

МНОГУ ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Им се воведуваат нова обврска на оние кои бараат работа

BiznisPRO

Откриена најголемата измама во кинеската историја

BiznisPRO

Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија

BiznisPRO