АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО СВЕТОТ Цените на горивата вртоглаво пораснаа, недостиг на шеќер во Русија, Германија без тоалетна хартија

Ситуацијата со Украина доведе до непредвидени последици за светската економија.

По воведувањето санкции против Русија и контрасанкциите од руска страна, сите цени вртоглаво пораснаа.

Тоа прво се почувствува на енергетскиот пазар, што директно се одрази на цените на горивата на бензинските пумпи, но и на цените на струјата и парното.

Во Германија и Австрија цените на струјата и парното скокнаа за една недела за 60%, а потоа следеа сите останати цени.

Во моментов бензинот во Германија се продава по цена повисока од 2 евра, а ништо подобро не е ниту во Романија.

Цените на горивата експлодираа во оваа земја и сегашната цена на бензинските пумпи е 11,1 леи (2,3 евра).

За тоа време во Русија има недостиг од шеќер, а во Германија воопшто нема тоалетна хартија на полиците.

Она што беше забележано и на берзите е наглиот скок на вредноста на златото, која на 8 март достигна историски максимум од 1.864,98 евра за унца (28,3495 g).

Можеби ќе ве интересира...

Повисоките трошоци за живот ја намалија потрошувачката на виски

BiznisPRO

НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРАВИЛА: Еве што треба да знаете доколку барате стан во Германија

BiznisPRO

Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

BiznisPRO