Атлантик Група во 2023: Силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Одличните продажни резултати во сите деловни сегменти овозможија значаен раст на профитабилноста, и покрај предизвикувачките околности и високите оперативни трошоци.

Атлантик Група во 2023 година забележа приход од продажба во износ од 973,9 милиони евра, што во однос на претходната година претставува раст од 15,1%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 13,3% во однос на 2022 година и изнесува 86,6 милиони евра, додека нето добивката порасна за 20% и изнесува 31,2 милиони евра.

„Во и понатаму нестабилни и предизвикувачки околности, Атлантик Група оствари силен раст на продажбата во сите деловни сегменти и на сите поважни пазари. Одличните продажни резултати овозможија и силен раст на профитабилноста, и покрај високите трошоци на сировините и амбалажниот материјал, логистичките и другите типови услуги, но и значајното вложување во вработените. Исто така, продолживме со вложување во развојот на бизнисот, преку вклучување на иновации во производното портфолио, модернизирање на производните капацитети и на тој начин поттикнувајќи ја зелената и дигиталната трансформација на Атлантик Група, како и со настојувањето за раст преку аквизиции. Посебно сум благодарен на посветеноста на нашите вработени, како и на нашите купувачи и партнери за долгогодишната поддршка. Иако очекуваме дека геополитичкото и макроекономското опкружување и понатаму ќе биде предизвикувачко, остануваме уверени дека ќе продолжиме со успешната работа и одржливиот раст“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Слатко и солено, Пијалаци и Донат го предводат растот
Најголем раст остварија Стратешкото деловно подрачје Слатко и солено (26,3%), потоа Пијалаци (18,6%), кои освен вредносен остварија и значителен количински раст на продажбата. Двоцифрен раст бележи и Стратешкото деловна подрачје Донат со 12,5%, како и Фармација со 12,2% раст. Во дистрибуцијата предност има Стратешкото деловно подрачје Северна Македонија со раст од 19,3%, потоа следи СДП Хрватска со раст од 19% и Србија со раст од 16,2%.

Во вкупната продажба на Атлантик Група, сопствените брендови сочинуваат 62%, Фармација 9%, додека екстерните брендови имаат удел од 29% кон приходот од продажба. Кафето со 199,9 милиони евра, односно уделот од 20,5% во вкупниот приход од продажба, се истакнува како најголема поединечна категорија.

Висок индекс на одржливоста на бизнисот и награди за корпоративно управување
Во текот на 2023 година Атлантик Група успешно ја започна работата на две соларни електрани, на централниот логистички дистрибутивен центар Загреб и на производната локација во Рогашка Слатина. Индексот на издржливост на Атлантик Група, кој претставува интерно мерило за процена и известување на постигнување на целите за одржлив бизнис и општествени активности, во 2023 година изнесуваше 102%. Индексот на одржливост на Атлантик Група се состои од пет клучни приоритети: намалување на емисиите на стакленички гасови, одговорно управување со водните ресурси, грижа за вработените, употреба на рециклирани материјали и материјали кои можат да се рециклираат и специфични одржливи иновации во производите.

Во ноември беше потпишан договор со Strauss Group за преземање на компанијата Strauss Adriatic, а заклучувањето на трансакцијата е подложено на претходно одобрување од Комисијата за заштита на конкуренција во Република Србија. Во областа на дистрибуција, со Групација Подравка е договорена соработка која подразбира дека Атлантик ќе ја врши дистрибуријата на производите на Подравка на австрискиот пазар, а Подравка ќе ја врши дистрибуцијата на производите на Атлантик на пазарот во САД. Во Словенија е остварен исчекор во полето на дистрибуција во соработката со новиот принципал Haleon, додека во Скопје се заклучени 12 милиони евра вредни инвестиции во новиот логистичко дистрибутивен центар.

Од поважните признанија, Атлантик Група четврта година по ред е добитник на првата награда за односи со инвеститори, која се доделува во соработка на Деловниот дневник и Загрепската берза, а трета година по ред е добитник и на наградата за најдобро усогласување со Кодексот на корпоративно управување во категоријата Водечки пазари, која ја доделува HANFA. При крајот на годината Атлантик Група од реномираната агенција за управување со недвижнини S IMMO AG ја купи зградата Eurocenter D.O.O., која во свое сопствеништво ја има деловната зграда Eurocentar на адреса Мирамарска улица 23 во Загреб, каде инаку се наоѓа долгогодишното седиште на компанијата.

Можеби ќе ве интересира...

Објавени два јавни повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за занаетчии

BiznisPRO

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO

Бектеши: Со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор веднаш почнуваме со мерки за стопанството и домаќинствата за излез од енергетската криза

BiznisPRO