Австрија достигна нов рекорд: Највисоко ниво на инфлација од 1981 година

Стапката на инфлација во Австрија се искачи на највисокото ниво од ноември 1981 година. Според австрискиот завод за статистика, потрошувачките цени минатиот месец биле за 6,8 отсто повисоки од пред една година.

На месечна основа, цените во Австрија во март скокнаа во просек за два отсто, покажуваат првите пресметки. Најмногу ги охрабри поскапувањето на енергенсите, објави австриската новинска агенција АПА.

„Неодамнешниот пораст на цените на горивото и енергијата дополнително ја поттикна инфлацијата“, рече Тобијас Томас, генерален директор на Заводот за статистика. Австрија во февруари имаше годишна инфлација од 5,9 отсто.

Усогласениот индекс на потрошувачки цени користен за споредба на цените во ЕУ во Австрија во март изнесува 6,7 отсто. Тоа е за 2,3 процентни поени повеќе од еден месец порано.

Според првите пресметки на европската статистичка служба Еуростат, инфлацијата во март во земјите со евро изнесувала 7,5 отсто. Ова е најмногу од воведувањето на единствената европска валута еврото во 1999 година.

Можеби ќе ве интересира...

Се токми нова цена на горивата

BiznisPRO

Холандска осигурителна компанија бара погрешно исплатени милиони

BiznisPRO

ЕКСПЛОЗИВЕН РАСТ НА БИТКОИН: Најпопуларната крипто валута „скокна“ за 12,49 отсто, вредност над 32.000 евра

BiznisPRO